Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан: Овој тим уште еднаш го презентираше својот најголем квалитет

Објавено

на

Реал Мадрид успеа да оствари важна победа на гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“, натпревар кој од јавноста беше окарактеризиран како една од трите „меч топки“ кои ги има Зинедин Зидан во својот ракав за спас на својата втора етапа како тренер на „кралскиот клуб“.

Зизу се најде под сериозен притисок и самиот нагласи дека не е недопирлив после променливите резултати и двата порази во серија, но сепак кога најмногу требаше, играчите ова попладне позитивно одговорија на теренот и остварија минимална, но заслужена победа против Севилја.

– Ова се премногу важни три бода за нас, најважно е што одигравме сериозен натпревар. Последните неколку дена не беа воопшто лесни, ниту за мене, ниту за играчите.

– Првото полувреме беше многу добро, требаше веќе да водиме, а во вториот дел знаевме и како да страдаме за да ја задржиме предноста. Освоивме заслужени три бода против многу тежок ривал, Севилја е тим кој во секој момент може да ви направи проблеми, – изјави Зидан кој нагласи дека карактерот е најдобра карактеристика на неговиот тим.

– Ова е тим чија најдобра страна е карактерот, тоа го покажавме и денеска. Играме најдобро на важните натпревари, без оглед на тоа кои играчи се наоѓаат на теренот. Имаме неколку работи за подобрување, но кога ќе го направиме тоа, ќе бидеме многу конкуренти во сите натпреварувања, – заврши Зизу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни