Зидан откри во каква состојба е Азар по големиот шок кој го доживеа: Од тоа што му го видов во очите…

zidan-azar

Зинедин Зидан ќе има навистина доста тежок испит во осминафиналето во елитната Лига на шампионите, а навистина важен се очекува да биде исходот кој ќе го оствари Реал Мадрид на домашен терен против се уште актуелниот англиски шампион.

Манчестер Сити утре ќе му гостува на Реал на „Сантијаго Бернабеу“ во натпревар кој сите со нетрпение го исчекуваат, но Зизу им напомена на новинарите дека тоа нема да претставува дуел меѓу него и Пеп Гвардиола, туку пресметка на два квалитетни тима кои сакаат да се најдат во наредната рунда.

– Реално гледано, ова е дуел меѓу Реал и Сити, а не меѓу Гвардиола и Зидан. На крајот од краиштата, фановите сакаат да гледаат фудаблски натпревар, а ние треба да бидеме почестени што сме дел од цел тој спектакл, – изјави Зидан кој одново се огласи за новата повреда која ја заработи Азар.

– Имав разговор со него и тој само сака да игра фудбал. Во наредниот период одново нема да може да го прави тоа и од она што го видов во неговите очи, воопшто не е задоволен. Ова се многу лоши денови за него, но мора да останеме позитивни. Сите можеме да претпоставиме како се справува, но него му е најтешко, – додаде Зизу.

Facebook Коментари