Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)

Објавено

на

blank

Зинедин Зидан беше максимално искрен и нагласи дека Реал Мадрид не одиграл добар натпревар во Бергамо и покрај фактот што цели 75 минути имаше играч повеќе на теренот, но затоа е максимално задоволен од поволниот резултат кој му дава минимална предност на неговиот Реал Мадрид.

Ферлан Менди постигна погодок со својата послаба десна нога и ги изненади сите играчи на Аталанта, но очигледно не своите соиграчи и тренерот Зидан кој имаше голема насмевка на лицето токму по голот за 0:1 во 86-та минута.

Левиот бек на Реал испрати фантастичен шут со десната нога, а Зизу по мечот откри дека оваа акција била вежбана на тренизните, а сподели и една интересна анегдота поврзана за неговиот сонародник.

– Ова беше воиграна акција од тренинзите, но имаше само еден непредвиден момент. Менди не беше тој што требаше да шутира, но на крајот излезе добро за сите нас, – изјави Зидан комнетирајќи ја корнер акцијата на својот тим.

– Што се однесува до Менди, тој има посилен шут со десната нога. Негова подобра и попрецизна нога е левата, но повеќе сила и посилен шут има со десната нога, – откри Зизу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни