Шпанија
Зидан: Освојувањето на титули е во ДНК на Реал, ние ќе…
Реал Мадрид се врати на тренинзите и полека се враќа во препознатливот ритам, а тоа дефинитивно го радува тренерот Зинедин Зидан.
-Оваа недела беше многу добра затоа што можеме да работиме повеќе во мали групи. Можеме да направиме повеќе тактички, физички и технички. Тимот изгледа подобро оваа недела и следната недела ќе биде многу подобар.
-Мора да размислиме позитивно затоа што имаме среќа да се вратиме на работа, да бидеме тука на теренот, мене ми изгледа дека се е добро. Играчите размислуваат за тоа дека треба да го искористат максимумот, да уживаат во тоа, -истакна Зизу кој најави максимална борба со Барселона за титулата во преостанатите 11 мечеви во Примера.
-Останаа 11 натпревари и ние добро ќе се подготвиме за да силно ја завршиме сезоната. На крајот, најважно е да дадеме сè за да освоиме нешто. Ние сме тука, ова е ДНК на клубот, да се обидеме да освоиме титули.
-Среќен сум што повторно работам со моите играчи, тоа е најважното после 60 дена. Сите сме среќни што се вративме во Валдебебас. Го планиравме начинот на работа со со фитнес тренерите и играчите се среќни што можеме да тренираме, да бидеме заедно и да уживаме во правење на она што сакаат да го прават, а тоа е играњето фудбал, -порача Зидан за клупската телевизија.
Реал по 27 кола во Ла Лига заостанува два бода во однос на вечниот ривал и лидер на табелата Барселона.
-
Македонија19 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија22 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија21 час
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Европски првенства20 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 120 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Италија11 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Свет15 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Првиот човек на Атлетико го прекина молкот: Сонот ни беше урнат поради една застрашувачка алатка