Зидан остана без пола тим за дербито со Севилја: Ќе мора да пронајдам солуции

zizu-cepka

Реал Мадрид успеа да слави со 3:2 во исклучително интересниот натпревар кој изминатава вечер го одигра со Борусија Дортмунд, но за жал, овој меч му зададе уште една голема главоболка на Зинедин Зидан кога е во прашање следниот важен натпревар во Примера, оној против Севилја.

„Кралевите“ како домаќините ќе го пречекаат тимот од Андалузија во дербито на 15-то коло во шпанската Примера, а на истиот Зинедин Зидан нема да може да смета на речиси половина тим, или поточно на дури четворица стандардни стартери.

Карвахал, Касемиро и Рамос ќе го пропушта мечот поради суспензии, додека на овие отсуства сега се придодаде и Рафаел Варан кој заработи повреда на мускулот за време на синоќешниот дуел со германскиот бундеслигаш.

– Варан самиот си направи штета, но при излегувањето кажа дека не е нешто многу лошо. Ќе дознаеме што е точно по утрешната снимка, но сигурно нема да може да сметаме на него оваа сабота. Ќе мора да се бараат солуции. Ги имам на располагање само Марсело, Ашраф, Тео и Начо во одбраната, можно е Љоренте да игра како стопер. Можно е да се случи тоа, тој ја познава таа позиција и има играно на истата како член на Кастилја, – истакнал Зидан по мечот.

Facebook Коментари