Поврзете се со нас

Свет

Зидан одбил селекторска понуда од африканска репрезентација

Објавено

на

Зинедин Зидан долг период е без тренерски ангажман, но очигледно и натаму не сака да брза кога е во прашање изборот на следниот тим или можеби и репрезентација.

„Лекип“ тврди дека Зизу деновиве добил конкретна понуда и тоа од Фудбалската федерација на Алжир за преземање на сениорскиот национален тим, но 51-годишниот Французин експресно ја одбил.

Алжирците посакуваат да го искористат потеклото на Зидан чии родители се родени во оваа африканска земја, но тоа сепак не е доволно да го добијат потписот на трофејниот стручњак.

Медиумот тврди дека Алжир ќе мора да бара друга опција, откако го отпушти Џамел Белмади поради елиминацијата уште во групната фаза на Африканскиот куп на нации.

Зидан последно работеше како тренер во 2021 година, а оттогаш одби повеќе понуди, вклучувајќи ја и таа да ја преземе репрезентацијата на САД.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни