Зидан обелодени кој бил заедничкиот заклучок во соблекувалната по тешкиот пораз од Вилјареал

zizu-vilja

Реал Мадрид доживеа уште еден тежок удар на домашниот „Сантијаго Бернабеу“ и на крајот од мечот со Вилјареал играчите на „кралскиот клуб“ беа испратени со свирежи, сето тоа како последица на големите промашувања и мајсторијата на Пабло Форналс кој го замолкна домот на европскиот шампион со мајсторијата во 87-та минута.

Зинедин Зидан едноставно не можеше да пронајде одговор за поразот на Реал Мадрид и истиот го окрарактеризира како несреќен и незгоден удар за неговиот тим, а покрај тоа што вети дека тој и неговите играчи ќе се обидат да направат пресврт со напорна работа, на новинарите им откри и каков бил заедничкиот заклучок во соблекувалната за денешниот меч.

– Во соблекувалната се зборува само за едно нешто, а тоа е дека немавме среќа. Едноставно топката не сака да влезе во голот. Денеска пробавме на секој начин да постигнеме гол, но ништо не сакаше да влезе во голот. Објаснувањето е едноставно. Ќе дојде меч на кој лошата серија ќе заврши, не знам дали тоа ќе биде на наредниот меч во купот, или на следниот во Примера. Фудбалот е таков. Доживеавме многу убави работи, а сега мораме да се справиме со овој тежок момент, – посочил Зизу.

Facebook Коментари