Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан нема дилеми: Ако продолжиме да играме вака…..

Објавено

на

Реал Мадрид уште една покажа страшен натпреварувачки дух и презентираше дека никогаш не се предава на натпревар во Лигата на шампионите, па иако губеше со 2:0 до 87-та минута во Германија, на крајот освои бод кој може да биде многу важен за конечниот распоред на групата.

Карим Бензема намали на 2:1 во 87-та минута, а во втората минута од судиското надополнување, погоди и Касемиро кој го врати Реал од работ на бездната и најверојатно му донесе заслужено израмнување со оглед на страшниот притисок во последните 15-тина минути.

Зинедин Зидан беше воодушевен од реакцијата на неговиот тим, па по крајот на мечот и првиот освоен бод во групата, испрати порака до фановите на Реал Мадрид кои стравуваат за пласман во осминафиналето.

– Овој резултат само ни покажува каков карактер поседува овој тим. Го заслуживме бодот, а мислам дека заслуживме и повеќе. Ќе ја издвојам реакцијата на тимот, јасно е дека ситуацијата не е лесна и сега сме речиси во иста состојба како лани.

– Играчите се бореа до крај, до последната капка пот и на ваков начин, работите ќе се свртат во наша корист. Ако продолжиме да играме вака, сигурен сум дека ќе ја минеме групната фаза и ќе се најдеме во осминафиналето, – заклучи Зизу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни