Зидан не стравува од најопасниот ривал пред ждрепката: Ако се паднеме со нив, ќе ги елиминираме!

zidan-jakna

Реал Мадрид ја заврши групата А како второпласиран тим и тоа на хартија носи доста потежок противник во осминафиналето во Лигата на шампионите, од едноставна причина што „кралевите“ за ривал ќе добијат тим кој заврши прв во воведната фаза од најелитното натпреварување.

Јувентус, Баерн, Сити и Ливерпул се најзвучните имиња со кои може да се соочи Реал Мадрид, но ако се гледа според формата и последните изданија во нокаут фазата во Лигата на шампионите, најсилно делува европскиот шампион Ливерпул кој може да вкрсти со најуспешниот тим во историјата на ова натпреварување во понеделничката ждрепка.

За тоа е свесен и самиот Зинедин Зидан, кој сепак со насмевка на лицето јасно стави до знаење дека не стравува од тимот на Клоп.

– Ако го добиеме Ливерпул, ќе играме против нив и ќе ги елиминираме, – со насмевка на лицето порача Зизу и додаде.

– Не можеме да направиме ништо за ждрепката. Немаме никакви желби и ќе видиме со кој ќе се паднеме, – заврши тренерот на Реал кога е во прашање осминафиналното извлекување.

Facebook Коментари