Шпанија
Зидан нагласи што му недостасува на Азар и заклучи: Ова ќе беше неуспех само во еден случај!

Зинедин Зидан одново се најде на удар на една прес-конференција откако беше бурно „нападнат“ од новинарите со провокативни прашања, сето тоа откако Реал Мадрид претрпе елиминација во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп.
Тоа што требаше да претставува „Ел Класико“ финале во Суперкупот, на крајот ќе биде дуел и пресметка меѓу Барселона и Атлетик Билбао, бидејќи баскијскиот тим изминатава вечер успеа да слави во дуелот со фаворизираниот тим од шпанската престолнина и актуелниот бранител на титулата во Примера.
Двата гола на искусниот Раул Гарсија на крајот се покажаа како недостижна негатива за Реал во вторите 45 минути, без оглед на тоа што Карим Бензема постигна гол за 1:2, а во самиот финиш „кралевите“ притиснаа и беа блиску до продолженија.
По средбата, Зидан зборуваше за новиот пад на неговиот тим по двете реми средби против Елче и Осасуна и последниот пораз од Билбао, но претходно, доби прашање за Еден Азар кој е далеку од својата посакувана форма.
– Азар мора да ја поврати својата самодоверба, му недостасува добар натпревар, да даде еден гол, да направи нешто на што е навикнат на теренот. Знаеме каков играч имаме, но мора да имаме трпение со него после се што се случи. Работи напорно, веруваме во него и имаме трпение. Тимот се обиде да реагира, започнавме лошо и тоа беше пресудно за поразот.
– Неуспех? Ќе беше неуспех само во еден случај, но не и во овој. Неуспех е ако не се обидете да промените нешто, ако не дадете се од себе на теренот. Во фудбалот е вака, не може секогаш да победувате и да освојувате трофеи. Ние повторно се обидовме да победиме, но не ни успеа, – изјави Зидан.

- Англијапред 18 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 14 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 12 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 18 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 16 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 14 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 11 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 12 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…