Зидан му одговори на Мончи за жестоката изјава: Може да се буни колку што сака….

zizu-audi

Севилја загуби на гостувањето во шпанската престолнина со 2:1 од Реал Мадрид, дерби натпревар по кој најгласен беше главниот оперативец на гостинскиот состав, познатиот Мончи.

Спортскиот директор на клубот од Андалузија распали за случувањата од теренот и како клучен момент го нагласи поништениот гол на Севилја при резултат 0:0, а бидејќи беше навистина нападен при интервјуто во микс-зоната, јасно е што неговата изјава предизвика бура од реакции во јавноста.

– Добро ја видов акцијата при нивниот прв гол и стсанува збор за чист блок кој не е дозволен во фудбалот. Има прекршок од Гуделј. Во вториот случај, не им свирнаа рака и дадоа гол. За судијата тоа не беше важно, но според мене беше рака. Затоа никогаш не ги коментирам одлуките на судиите, понекогаш тие се во твоја корист, понекогаш не. Севилја може да се буни колку сака, но не треба да го прави тоа. Тоа што го коментираше Мончи е негова одговорност. Не сум јас тој кој треба да каже дали има право, или не. Мислам дека е пресилно тоа што го кажа, но јас нема да го замолкнувам спортскиот директор на Севилја, – во свој стил изјави Зизу.

Мончи распали: Ако ни го поништеа и вториот гол против Реал, ќе се симнев и го извадев тимот од теренот! (Видео)

Facebook Коментари