Зидан му одговори на Леонардо: Ништо не реков, го повторив тоа што го кажа Мбапе

zidan

Не е тајна дека голема желба на Реал Мадрид во иднина е да го донесе Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, но целата таа ситуација и коментари почнаа да им пречат на луѓето од Пари Сен Жермен, па спортскиот директор на „светците“, Леонардо го прозва Зинедин Зидан и му порача повеќе тоа да не го прави.

Оваа реакција на Бразилецот дојде откако Зидан посочи дека сон на Мбапе е еден ден да игра за Реал за да денеска тренерот на „кралевите“ му се обрати, одговори на Леонардо.

-Ништо не кажав. Го повторив она што играчот го кажа, дека неговиот сон е да игра овде. Потоа секој добива тоа што сака, -истакна Зизу кој проговори и за пресметката со Еибар.

-Секој меч е тежок, можеби уште потежок во Еибар. Ова е различен стадион во однос на останатите, помал е и секогаш е тешко да се игра. Подготвени сме да одиграме добар натпревар, -заклучи предводникот на шпанскиот гигант.

Facebook Коментари