Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Зидан му одговори на Гасперини: Јас сум практично уништен, добро го познавам од времето во Јувентус

Објавено

на

ЏанПјеро Гасперини беше прилично расположен на прес-конференцијата и нагласи дека добра вест за неговата Аталанта е тоа што на теренот нема да биде Зинедин Зидан, легендарниот играч за врска кој сега е тренер на Реал Мадрид.

Додека Зизу беше голема ѕвезда во првиот тим на Јувентус, Гасперини беше тренер на Примавера тимот на „старата дама“, па како човек кој одблиску е запознаен со сите квалитети на Французинот, Гасперини воопшто не штедеше комплименти и нагласи дека Зидан за него секогаш бил нешто посебно во фудбалот.

Тренерот на Аталанта го кажа ова на шега со оглед на фактот што Реал нема да може да располага на многу првотимци, а подоцна доби одговор и од самиот Зидан кој пак вели дека неговата фудбалска приказна е одамна завршена.

– Тој вели дека е добро што не играм, но и јас сметам дека е добро што не играм. Јас не можам веќе да играм фудбал, јас сум завршен играч и практично уништен. Кога јас бев во Јувентус, тој беше во младинскиот тим и добро го познавам. Тој заврши фантастична работа во Аталанта и навистина ме воодушевува како работи како тренер.

– Дали играат слично како тимот на Ајакс од кој испаднавме пред две години? Вистина е, играат агресивен и офанзивен фудбал, физички се добро подготвени, но јас не сакам да правам споредби. Имаме сериозен предизвик и добро знаеме од што треба да се пазиме, – изјави Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни