Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан: Мбапе или Халанд? Ги гледам сите натпревари…

Објавено

на

Младите Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд имаа брилијантни партии во Лигата на шампионите и беа најзаслужни што нивите екипи Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд остварија победи во Шпанија над Барселона односно Севилја.

Мбапе реализираше хет-трик на „Камп Ноу“, додека пак Халанд имаше два гола и асистенција на „Рамос Санчез Писхуан“, изданија по кои изминативе денови беа постојано во центарот на вниманието и беа посочувани како играчи од новата генерација која полека ги испраќа Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Французинот и Норвежанецот се играчи кои често се поврзуваат со Реал Мадрид, па тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан доби интересно прашање поврзано со нив двајцата, односно кого повеќе би сакал да го има во својата екипа.

-Ги гледам сите натпревари и сакам да гледам одлични работи како и секој навивач. И двајцата се многу добри и многу млади, играчи на сегашноста и иднината. Дали едниот или другиот нема да кажам, секој си има свои преференции, -рече Зизу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни