Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан лут на судиите по ремито на Реал: Некој треба да ми ги објасни правилата

Објавено

на

Реал Мадрид спасуваше бод на дербито со Севилја, а по натпреварот тренерот Зинедин Зидан бараше објаснување од судијата за неговите одлуки и асистенцијата на ВАР собата.

Французинот потврди дека е незадоволен од критериумот бидејќи Севилја добила пенал за играњето со рака на Милитао, а истиот судија претходно не досудил пенал за играње со рака на фудбалер на гостинската екипа.

– Им верувам на судиите, но јас видов две играња со рака, едно во нашиот шеснаесетник и едно во шеснаесетникот на Севилја. А, судиите покажаа пенал само за противникот, односно само за едната ситуација.

– Лут сум, некој треба да ми го дообјасни правилото за играње со рака. Како и да е, продолжуваме натаму и ќе се бориме до последно за титулата во Ла Лига, – изјавил Зидан.

По ремито со Севилја, Реал Мадрид е на делба на второто место со Барселона, а Атлетико Мадрид останува лидер со два бода повеќе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни