Зидан ќе мора да бара друго решение: И Карвахал ќе го скокне дербито со Атлетико

Carvajal

Дефанзивецот Дани Карвахал пред одредено време ги надмина проблемите со срцето и започна со стандарниот тренажен процес со тоа што очекувањата беа дека тој ќе биде конкурентен за настап за градското дерби против Атлетико Мадрид.

Меѓутоа според последните информации кои ни доаѓаат од Шпанија, а ги пренесува „Марка“ десниот бек најверојатно ќе го скокне дуелот со „душекџиите“ што ќе биде негов 9 пропуштен меч во низа.

Со оглед на претходните проблеми лекарите не сакаат да ризикуваат со Карвахал и тој ќе им се приклучи на Бејл и Ковачиќ на листата на недостапни играчи за првенствениот натпревар.

Неизвесен е и настапот на голманот Кејлор Навас, па така тренерот Зинедин Зидан ќе мора да направи одредени промени, па во игра е Кико Касилја, додека пак Карвахал ќе го менуваат Начо Фернандез или Ашраф Хакими.

Facebook Коментари