Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан ја состави „црната листа“: Тројцата играчи од кои Реал сака да се ослободи по секоја цена

Објавено

на

Властите во најпознатите фудбалски земји дадоа зелено светло за доигрување на сезоните, па така веќе следниот викенд, на програмата се враќа шпанската Примера која доживеа свој прекин на почетокот на месец март.

После цели три месеци, шпанските тимови се подготвени за рестарт на сезоната и со големо нетрпение се чека наредната седмица, но бидејќи станува збор за период од годината во кој обично се прави план за новата сезона, клубовите мора напоредно да работат и на тоа што ќе го донесе трансфер пазарот.

Засега никој не знае кога официјално ќе почне летниот преоден рок кој ќе биде поразличен од сите досега, но едно е јасно, големите клубови сигурно ќе сакаат да се засилат по крајот на сезоната која беше прекината.

Реал Мадрид се очекува да направи една мала чистка под водство на Зинедин Зидан и да го освежи тимот со неколку млади играчи, но пред да се случи тоа, мора да се најде решение за тројцата играчи кои се први ставени на трансфер листата. Угледниот мадридски весник „АС“ тврди дека Зизу го издвоил триото на кое сигурно нема да смета наредната сезона, а тоа се Герет Бејл, Хамес Родригез и Маријано Диаз.

Зидан сакаше да се ослободи од тројцата уште минатото лето, но на крајот Реал Мадрид не успеа да им пронајде нов клуб и тројцата останаа уште цела година во клубот. Верувале или не, тоа го чини Реал цели 54 милиони евра, бидејќи бруто платите на тројцата фудбалери во 12 месеци изнесуваат точно толку.

Герет Бејл има бруто плата од 29 милиони евра и заедно со Серхио Рамос е на врвот на листата, Хамес чини 17 милиони евра, а Маријано 8 милиони евра. Приоритет на Реал ќе биде да се ослободи од нив тројца што е можно побрзо, но тоа нема да биде толку лесна задача бидејќи ќе треба да се пронајдат клубови кои ќе бидат подготвени да ги покријат високите плати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни