Зидан ја откри бизарната причина поради која Асенсио е надвор од составот и ја шокираше јавноста

asensio-20

Марко Асенсио беше во центарот на шпанските медиуми поради ексклузивото интервју кое го даде за „Кадена Копе“, но сега е уште поголем хит на Пиринеите откако Зинедин Зидан низ смеа го потврди она што го пренесе јавноста.

Имено, Зизу го изостави Асенсио од ростерот на игррачи кои вечерва ќе ги има на располагање на мечот со АПОЕЛ, а причината не само што е бизарна, туку е и неверојатна. Всушност, Асенсио нема да настапи на овој дуел поради инфекција на двете нозе, а истата ја заработил откако лошо се издепилирал и добил воспаление и акни на кожата.

– Тој има акни на неговите нозе, поради што не може да ги облече чорапите. Не се чувствува пријатно и нема да игра, – низ смеа истакнал Зидан.

Facebook Коментари