Зидан со изненадувачка изјава за новото засилување на Реал: Мене видеата не ми се допаѓаат!

zidan-gestikulira

Реал Мадрид со голема возбуда соопшти дека е постигнат договор за ангажман на уште еден голем фудбалски талент од Бразил, но додека клубот преку официјалните гласила ги соопшти најголемите квалитети на Реинер и сподели видеа на социјалните мрежи, Зинедин Зидан побара да се има трпение со последното засилување.

Зизу нагласи дека станува збор за играч кој треба да се избори за своето место во Реал и за талент кој треба да го материјализира својот потенцијал во иднина, а истовремено посочи дека тој повеќе ќе верува на она што ќе го види на тренинзите, отколку на видеата од неговите најдобри потези од натпреварите во Бразил.

– Она што го знаеме дека станува збор за играч кој треба да биде иднина на Реал. Тој се уште не е со нас, па затоа треба да одиме чекор по чекор. Тој е играч за иднината и кога ќе дојде тука, ќе видиме што ќе правиме со него. Од тоа што го видов, станува збор за технички добар играч, но за мене видеата немаат никакво значење и не ми се допаѓаат. Претпочитам да почекам и да го видам тука на тренинзите. Треба да бидеме мирни на таа тема, – изјави Зизу кој исто така потврди дека десниот бек Одриозола е пред трансфер во Баерн Минхен.

– Има опција да си замине и ќе почекаме да видиме што ќе се случи. Може да се случи се, па затоа ќе почекам до крајот за да зборуваме подетално, – заврши Французинот.

Facebook Коментари