Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан излезе со изненадувачки заклучок за невкусните коментари кои ги употреби Бензема за Винисиус

Објавено

на

По големата „Ел Класико“ победа против Барселона и реми исходот против Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите, Реал Мадрид сигурно ќе сака одново да ја почувствува сласта на триумфот во домашната Примера, а добра шанса за такво нешто „кралевите“ ќе имаат уште утре.

Реал на домашен терен ја пречекува Уеска и важи за огромен фаворит за освојување на трите бода, натпревар кој тимот од шпанската престолнина го пречекува во малку чудна атмосфера, пред се поради зборовите кои ги употреби Карим Бензема за Винисиус Жуниор, а кои беа „уловени“ од страна на „Телефут“.

Поради тоа, Зинедин Зидан доби многу прашања поврзани на оваа тема, а интересно, францускиот стручњак имаше изненадувачки став за поплаките кои ги упати Бензема на сметка на младиот Бразилец.

Бензема побара од Менди да не му подава на Винисиус Жуниор во второто полувреме поради пресебичната игра на Бразилецот во првиот дел со Менхенгладбах, а Зидан вели дека ваквите работи само докажуваат дека тимот е жив и сака да победува на секој начин.

– Најважно од се е тоа што двајцата фудбалери зборуваа и ја решија работата. Најважно е работата да биде јасна меѓу нив. Во фудбалот се кажуваат многу работи на теренот и остануваат таму. Ние сме тим и работиме како група, ја чуваме енергијата за најважните работи. Искрено, добро е што се случуваат вакви работи, тоа докажува дека сме живи и сакаме да победуваме. Не верувам дека ова ќе влијае на Бензема, на крајот, се останува на теренот. Во денешно време, има камери насекаде, но во тимот нема никаков проблем, тие веќе зборуваа.

– Нашата енергија е насочена кон утрешниот натпревар, останатото го решија двајцата меѓу себе. Се кажуваат многу зборови за играчите, но се кажуваат работи и за мене. Кога има тензија на теренот, се случуваат вакви работи, – изјави Зизу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни