Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан издвои една работа која посебно го загрижила во срамниот пораз од Кадиз

Објавено

на

Малиот шпански клуб Кадиз денеска испиша убава фудаблска историја, бидејќи за првпат во 110-годишнината победи на едно гостување кај големиот Реал Мадрид.

Кадиз оваа вечер приреди сензација на гостувањето во шпанската престолнина и славеше со минимални 0:1, а колку всушност Реал Мадрид беше под својот просек на оваа средба најдобро ни говори и реакцијата која ја имаше Зинендин Зидан на полувремето.

Зизу направи дури четири промени и на стартот на вториот дел влегоа во игра Валверде, Милитао, Касемиро и Асенсио, а со исклучок на Рамос кој заработи повреда, останатите тројца беа повлечени од игра поради тактички замисли (Иско, Модриќ и Лукас).

– Не ги направив замените за да опоменам некого. Во овој брод сме сите заедно. Мора да бидеме реални, тие покажаа повеќе желба, имаа подобар ритам и имаа поголема глад за победа. Немаме оправдување, ова беше лош меч и треба да му честитаме на Кадиз. Дефинитивно не сум задоволен, особено од првото полувреме. Бевме многу лоши на стартот и ако ни дадеа два или три гола во првиот дел, немаше да биде незаслужено. Најмногу сум загрижен за нашиот влез во мечот, тоа не чинеше многу и цел натпревар беше лош поради бавниот почеток, – порача Зидан кој порача дека не може да даде прогноза за состојбата на Рамос кој беше заменет поради повреда.

– Рамос имаше болки во коленото и бевме претпазливи. Ќе видиме за што станува збор, – изјави Зизу на една седмица пред „Ел Класико“ дуелот со Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни