Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе

Објавено

на

blank

Стратегот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан излезе пред новинарите по тешката победа против Аталанта во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Стратегот на „кралевите“ упати искрен коментар по крајот на натпреварот посочувајќи дека ова не била најдобра партија на Реал Мадрид.

Зидан истакна дека во моментов најважно нешто е што во Мадрид се враќаат со победа и гол постигнат во гости.

– Беше навистина тешко, но на крајот резултатот испадна добар. Не бевме најдобри иако бевме со играч повеќе, но на крајот најважен е резултатот и голот постигнат во гости. Се уште треба да ја одиграме и втората средба, а за да сме сигурни мора да победиме и на домашен терен исто така, -изјави Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни