Шпанија
Зидан имаше уникатна средба со Меси и му откри како завршил со „5-та“ во Реал: Перез не ми даде премногу избор

„Адидас“ ги спои Лионел Меси и Зинедин Зидан и двајцата режираа фантастичен разговор кој трае половина час, а во толку долг период, навистина тешко е да се избере само еден интересен момент.
Меси и Зидан обострано си кажаа колку се почитуваат и колку се среќни за приликата која има ја овозможила нивниот заеднички спонзор, па во долгата размена на мислења, Зизу се наврати и на својата играчка кариера и пристигнувањето во Реал Мадрид.
Зизу му објасни на Лео Меси дека Флорентино Перез не му дал преголем избор за бирање на дрес кога пристигнал во „кралскиот клуб“, па затоа на крајот завршил со „5-та“ на својот грб.
– Претседателот Флорентино не сакаше да гледа играчи со бројки како 20, 25 или 30. Тој беше од старата школа, сакаше да има голман со број 1 и останатите да изберат број до 11.
– Санчис ја остави „5-та“ кога јас пристигнував во Реал, а претседателот веднаш ме праша дали ќе сакам да изберам број од 1 до 10. Не направив проблем и затоа ја избрав 5-та. Флорентино не сакаше бројки како 20, 25 или 30, велеше дека тоа е за американски фудбал. Но, од денешна гледа точка, „5-та“ за мене има многу силно значење, имав навистина убава историја во Реал со тој број, – вели Зидан.
Here is the full Leo Messi & Zidane interview. [English subtitles] 🇦🇷🇫🇷
[via @adidasfootball] pic.twitter.com/ubZAfoOejG
— L/M Football (@lmfootbalI) November 9, 2023
-
Шпанијапред 20 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 15 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 17 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 14 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари