Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан: Имаме еден проблем кога е во прашање битката за титулата

Објавено

на

blank

Зинедин Зидан никако не може да види како неговиот тим врзува две победи во низа, па по одличното издание во Милан и триумфот над Интер, изминатава вечер одново доживеа шок и пораз во шпанската Примера.

Ако на крајот на минатата сезона стадионот „Алфредо Ди Стефано“ се претвори во тврдина на „кралевите“ која ги одведе до нова титула во домашното првенство, на почетокот на оваа, стадионот во тренинг центарот ниту одблиску нема такво значење за фудбалерите на Зизу кој претрпеа нов пораз на домашен терен.

Овојпат подобар беше Алавес кој славеше со 1:2, по што Реал се доведе во ситуација да има шест бода помалку од Атлетико Мадрид, а притоа „душекџиите“ имаат и натпревар помалку.

– Не можам да дадам објаснување, повторно немам објаснување за овој меч. Имавме добри моменти, но кога примате гол по само 3 минути, нормално е да се искомплицираат работите. Пред неколку дена во Милано имавме одличен меч, а денеска не. Ова е нашата реалност денеска, мораме да се потрудиме да го промениме тоа.

– Ова беше најлош старт на еден натпревар оваа сезона. Не можевме да ја промениме динамиката и тоа ме вознемирува и загрижува, – изјави Зидан кој потоа доби директно прашање за борбата за титулата.

– Имаме еден голем проблем во трката за титулата, а тоа е континуитетот. Не сме регуларни, имаме огромни проблеми со повредени играчи. Не е оправдување, но тоа е реалноста. Немам друго објаснување, – додаде Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни