Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан имал состанок „очи в очи“ со еден фудбалер кој и дефинитивно ќе замине во јануари

Објавено

на

Шпанскиот медиум „Марка“ пишува дека е познато и првото јануарско заминување од таборот на Реал Мадрид.

„Кралскиот клуб“ во јануари ќе го напушти шпанскиот интернационалец Иско за кого има интерес од неколку англиски и италијански клубови.

Според „Марка“ ,Зидан одржал разговор со Иско на кој била донесена конечна одлука играчот да си замине во јануарскиот преоден рок.

За него интерес има од Евертон и Арсенал, а во последно се појаивја шпекулации дека Иско сака да го ангажира и тимот на Јувентус кој има проблеми во средината на теренот.

Оваа сезона Иско во дресот на Реал Мадрид забележа шест настапи без никаков голгетерски учинок, а не запиша ниту една асистенција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни