Зидан им испрати јасна фудбалска дефиниција на четворицата играчи на Реал кои најмалку играа оваа сезона

zidan-mikro

Зинедин Зидан ова попладне се соочи со шпанските новинари пред последниот меч на Реал Мадрид во шпанската Примера оваа сезона, дуел кој ќе биде најава за тоа што го чека „кралскиот клуб“ наредната недела во Киев.

Зизу после подолго време, овојпат може да смета на сите свои играчи за дуелот со Вилјареал откако нема ниту еден фудбалер со повреда во првиот тим, а тоа беше повод еден новинар да му постави едно проблематично прашање на францускиот стручњак, на кое тој возврати со фудбалска дефиниција како одговор.

Новинарот запраша дали Мајорал, Себалјос, Љоренте и Тео Ернандез загубија една година во своите кариери поради тоа што добија премала минутажа оваа сезона, на што Зидан возврати во свој стил, максимално учтиво и дипломатски.

– Пред се, сакам да кажам дека таквото размислување е многу погрешно. Напротив, тие не загубија една година, добија неколку. Една година во Реал е како десет години на друго место, без разлика што играа малку. Тренирањето со играчи од овој калибар не може да се смета за загубена година. Многу се подобрија. Секако, не очекуваа да играат толку малку, но ова е позитивна година за нив. Многу се млади и треба да гледаат на наредната сезона, – порачува Зизу.

Facebook Коментари