Италија
Зидан: Иднина во Торино? Јувентус е многу важен за мене…

Екипата на Реал Мадрид оствари значаен триумф над Ливерпул (3-1) и со тоа си ги отвори вратите за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Тренерот Зинедин Зидан уште еднаш се покажа како голем мајстор кога се во прашање мечевите од елитното натпреварување и покрај тоа што му фалеа неколку важни играчи, првотимци во составот. Секако овој резулат донесе многу радост во Мадрид, меѓу навивачите на „кралевите“, но во исто време и стравување дека популарниот Зизу може да си замине.
Имено Французинот имаше разговор со поранешниот соиграч Алесандро Дел Пјеро при кој ги остави вратите отворени за враќање во Јувентус, овој пат во улога на тренер.
-Дали повеќе ми недостасува Италија или Дел Пјеро? Двете работи, Италија е во моето срце, минав пет години во Торино и Јувентус се уште е важен за мене. Иднина во Јувентус? Засега сум тука, ќе видиме, -порача Зидан за „Скај Италија“.

- Англијапред 21 час
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 24 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Италијапред 18 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Шпанијапред 23 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 22 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Англијапред 22 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 19 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 18 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо