Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч

Објавено

на

Големото мадридско дерби кое утре се игра на „Ванда Метрополитано“ претставува директна битка меѓу два тима кои се борат за титулата, а за тоа е свесен и самиот Зинедин Зидан кој го нарече утрешниот натпревар како финале за неговиот тим.

Реал Мадрид заостанува пет бода на табелата зад соседот од престолнината кој има и еден натпревар помалку, но без оглед на тоа што трите бода утре имаат огромно значење, Зизу потенцира дека „кралевите“ ќе останат „живи“ во трката за титулата и во случај да не остварат победа.

– Пред нас е нов натпрвар, нови три бода. За нас ова е финале, тоа е факт, но финале како и сите други натпревари до крајот на сезоната. Кога игра Реал, секогаш оди на победа, така ќе биде и утре. Без оглед на тоа што ќе се случи и како ќе заврши мечот, ќе останеме живи во домашното првенство. Најважно е да играме добро, така ќе имаме шанси за победа, – изјави Зидан кој ќе може и дефинитивно да смета на Карим Бензема.

– Бензема за мене е специјален и тоа сум го кажал повеќепати. Тоа што го прави на теренот е многу важно за тимот. Сите кои го сакаат фудбалот, го сакаат и Бензема. Ни се врати радоста на терените, Бензема е радост за фудбалот, не само за фановите на Реал Мадрид.

– Тој повеќе од десет години е тука, постојано напредува и секако е клучен во мојот тим. Бензема е специјален играч за фудбалот, не само за фановите на Реал Мадрид, – нагласи Зизу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни