Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Зидан го издвои најголемиот квалитет на Реал по новото полуфинале: Тоа најмногу ме восхитува

Објавено

на

Зинедин Зидан минатата година за првпат во тренерската кариера загуби во една нокаут фаза во Лигата на шампионите, но една година подоцна, одново ќе го гледаме во самата завршница во најелитното натпреварување откако неговиот Реал Мадрид повторно демонстрираше квалитет кога најмногу е потребно.

Реал „висеше“ за настап во нокаут фазата до последното коло во групната фаза, но сега ќе биде дел од четирите најдобри екипи на стариот континент, откако изминатава вечер ја доврши работата која ја започна на „Алфредо Ди Стефано“ пред една седмица. Реал беше потценет од букмејкерите пред четвртфиналната пресметка со Ливерпул поради отсуствата и повредите на важните играчи, но тимот на Зидан го надмина сето тоа и со вкупни 3:1 го елиминираше англискиот премиерлигаш.

– Знаевме дека нема да биде лесно. Знаевме дека треба да страдаме на „Енфилд“ и така и беше. Гледано севкупно, сметам дека заслужено патуваме во наредната рунда. Бевме многу солидни како тим и се радувам за сите играчи.

– После сите бури и сите повреди, дојдовме до тука, дојдовме до полуфиналето. Сепак, не сме освоиле ништо, но живи сме во две натпреварувања. Ќе се бориме до крај, а чувствувам дека тимот сака повеќе од она што досега го остваривме, – изјави Зидан од кого на пресот беше побарано да го издвои најголемиот квалитет на неговиот тим.

– Најмногу ме восхитува карактерот кој го има овој тим. Овој тим секогаш може да даде нешто повеќе. Кога работите се најтешки, кога изгледа дека работите се многу лоши, сите играчи се сплотуваат повеќе од било кога. Секако дека имаме квалитет, но карактерот на овие играчи е на прво место и најважно нешто, – посочи Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни