Зидан го издвои играчот кој ја направил разликата против Баерн, но соопшти и две лоши вести по мечот

zidan-aplaudira

Зинедин Зидан не го криеше огромното задоволство што неговиот тим повторно мина триумфално во Минхен, и тоа сосема интересно, идентично како и минатата година славејќи со резултат 1:2.

Сценариото беше навистина исто бидејќи Реал Мадрид се врати од негатива и направи комплетен пресврт, а од голема помош му беше принудната замена која ја направи на паолувремето. Асенсио доби шанса на местото на Иско за кого на крајот се откри дека заработил повреда, а токму младиот Марко Зидан го посочи како играчот кој бил клучен за победата на Реал.

– Асенсио не е веќе никаква новост. Тој ја направи разликата на теренот и го доби натпреварот за нас. Има неверојатна брзина и исклучително добра завршница. Влезе многу добро во мечот и тоа ни беше од голема полза. Среќен сум за него, – истакна Зидан кој сепак соопшти и две лоши вести кога се во прашање две повреди кои можат да му направат проблем за реваншот.

– Иско имаше проблем со рамото уште од самиот старт, не се чувствуваше комотно и моравме да го смениме. Се надеваме дека нема да биде ништо сериозно. Штета си направи и Дани Карвахал кој сепак при излегување ми кажа дека не очекува некоја потешка повреда, – додае Зизу.

Facebook Коментари