Поврзете се со нас

Франција

Зидан ги разочарал Катарците со својот конечен одговор, ПСЖ се враќа на поедноставната тренерска опција

Објавено

на

Наспроти сите додворување и ветувања од водечките луѓе во Катар, Зинедин Зидан ја одбил понудата на милијардерите да го предводи ПСЖ во новата сезона и е цврсто решен дека ќе му биде остварена желбата која ја чека по крајот на втората етапа во Реал Мадрид.

Оваа информација попладнево ексклузивно ја пренесе „Радио Монте Карло“, медиумот кој е максимално веродостоен кога се во прашање вакви сериозни теми во Франција. Според изворите на медиумот, Зидан донел конечна одлука и по неколку седмици неизвесност кажал дефинитивно „НЕ“ на одговорните функционери на францускиот првак, образложувајќи дека го чека крајот на Светското првенство кое се игра на крајот на оваа година.

Зизу има желба да ја води француската фудбалска репрезентација и се надева дека Дешамп ќе се повлече по крајот на мундијалот, но на катарските газди им порачал дека ја остава вратата отворена за идна соработка која би дошла по неговото прво селекторско искуство.

Оваа информација на „Радио Монте Карло“ ја потврди и каналот „БеИН Спортс“, кој дополнува дека ПСЖ сега се враќа на својата примарна цел за замена на Маурисио Покетино.

Аргентинецот веќе има се договорено за да си замине од „Паркот на принцовите“, а новиот оперативец Кампос сега ќе се насочи на Кристоф Галтие кој беше наједноставно решение за наследник на Покетино пред да се појават шпекулациите за преговорите меѓу ПСЖ и Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни