Зидан ги напушти подготовките на Реал во Монтреал

zidan

Реал Мадрид остана без тренерот Зинедин Зидан на претсесезонските подготовки кои шпанскиот шампион во моментов ги има во Северна Америка.

Зидан поради лични причини морал да си замине од Монтреал, па сега тренинг сесиите ќе бидат водени од неговиот асистент Давид Бетони. Според информациите се очекува Зидан за кратко време да им се врати на стандардните обврски, па и да го води Реал на пресметката со Баерн Минхен закажана за 20 јули во Хјустон.

Потоа за „кралевите“ ќе следат и дуели со Арсенал и Атлетико Мадрид (23, 26 јули).

Facebook Коментари