Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан ги издвои тројцата играчи кои најмногу го импресионирале во Реал: Не ја губат топката цели 60 минути

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Зинедин Зидан имаше незаборавена авантура како играч на Реал Мадрид, но далеку потрофеен испадна како тренер во двете етапи во кои го водеше тимот од шпанската престолнина.

Зизу освои 11 трофеи како тренер на Реал и беше креатор на историските три последователни титули во Лигата на шампиони, а од оваа златна и незаборавна генерација, Французинот се обиде да издвои тројца најдобри играчи.

Во интервјуто за „Канал плус Африка“, Зидан откри дека посебно останал импресиониран од својот сонародник Карим Бензема, но и од фудбалските виртуози Тони Крос и Лука Модриќ.

– Кога гледате како Лука Модриќ, Тони Крос и Карим Бензема играат за вашиот тим и не губат топка цели 60 минути, тоа е дефиниција за фудбал, – порачува Зидан.

Зидан во својата прва етапа од 2016-та до 2018-та освои три титули во Лигата на шампиони, а втората ја заврши со освоена титула во Ла Лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни