Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан ги избра трите најдобри стадиони на кои најмногу уживал да игра како гостински фудбалер (Видео)

Објавено

на

Зинедин Зидан важи за еден од најдобрите креативци во историјата на фудаблската игра и мозок каков што се поретко се наоѓа во модерниот фудбал, па затоа секое негово јавно обраќање привлекува огромно внимание во цела спортска јавност.

Зизу својата кариера ја заврши доста рано и кога беше можеби и во фудаблскиот зенит, но подоцна се покажа и како извонреден стратег кој во овој момент се уште чека вистинска шанса за да се врати на клупата.

Легендарниот Французин е еден од ретките кои биле врвни во двете фудбалски професии, меѓутоа за страствените фудбалски фанови посебно важно е тоа што го понуди како играч кој настапуваше за Кан, Бордо, Јувентус и Реал Мадрид.

Зидан кариерата ја заврши во Реал Мадрид, а како клуб кој дефинитивно ја одбележа неговата кариера, Французинот сега беше подложен на едно интервју во кое го избра најубавиот гол во кариерата, но и најдобрите три стадиони на кои играл како гостински фудбалер.

Зизу го посочи голот против Баер Леверкузен во финалето во Лигата на шампиони како најдобар во неговата кариера, додека вели дека најмногу сакал да игра на „Енфилд Роуд“, „Олд Трафорд“ и на „Велодром“ како гостински фудбалер.

Генерално гледано, Зидан вели дека убедливо најдобар стадион е „Сантијаго Бернабеу“, не само поради големината, туку и поради неверојатната атмосфера која се создава во домот на „кралевите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни