Зидан: Бејл веќе нема да настапува за Реал Мадрид

REAL MADRID 18/19 BETIS 18/19

Герет Бејл изненадувачки не беше во комбинација за натпреварот меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен иако тренерот Зинедин Зидан ги замени сите фудбалери кои беа во стартниот тим, а новинарите добија објаснување од францускиот стручњак.

По мечот во Хјустон, Зизу потврдил дека конечно Велшанецот пронашол нов клуб и веќе нема да биде член на Реал.

– Бејл не играше бидејќи се подготвува трансфер. Не знам дали ќе биде утре или по два дена, но ова е одлука на клубот и фудбалерот. Што побрзо замине, тоа подобро.

– Немам ништо лично против него, но некогаш доаѓаат моменти во кои мора да се донесат решенија, имаме потреба од промени, – истакнал Зидан.

 

Facebook Коментари