Зидан: Баерн ќе биде опасен на „Бернабеу“

zidan6

Реал Мадрид победи во Минхен, но актуелниот европски шампион очекува тежок реванш и втор натпревар со Баерн кој ќе го игра пред своите навивачи.

Тренерот Зинедин Зидан истакна дека е задоволен од победата, но потенцираше дека работата е далеку од завршена.

– Задоволни сме од резултатот, но имавме многу проблеми со противникот, посебно на почетокот кога не можевме да ја преземеме контролата. Сепак, далеку од тоа дека полуфиналето е решено, Баерн ќе биде опасен и може да победи во Мадрид, но ние мора да бидеме задоволни со победата од 2:1, – вели Зидан.

Facebook Коментари