Жута со мајсторија од слободен удар ја запечати победата на Ријека (Видео)

zuta1

Актуелниот хрватски шампион Ријека го отвори вториот дел од сезоната со убедлива победа од 4:0 против аутсајдерот Истра.

Ријека со променет состав доминираше против гостинскиот тим кој немаше ниту една шанса да направи изненадување, а последниот четврти гол беше дело на повремениот македонски репрезентативец, Леонард Жута.

Во 89. минута, Жута изведе слободен удар и реализираше атрактивно за на вистински начин да ја запечати победата од 4:0 во првото коло од вториот дел од сезоната во хрватскиот шампионат.