Поврзете се со нас

Франција

Жули: На Дембеле му недостасува една работа за да биде кандидат за „Златната топка“

Објавено

на

Усман Дембеле беше човек на одлука и му донесе трофеј на Пари Сен Жермен во Супер Купот на Франција.

ПСЖ триуфмираше над Монако со 1-0 и тоа со гол во судиското продолжение кој падна преку Дембеле и тоа по топката која ја испрати Фабијан Руиз.

Дембеле погоди во „последен час“, ПСЖ го освои Супер Купот на Франција (ВИДЕО)

Со ова Усман потврди колку е значаен за овој состав на „светците“, а пак неговиот сонародик Лудовик Жули го пофали, ама и притоа посочи една работа која му недостасува за да биде кандидат за освојување на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот „Златната топка“.

-Среќни сме што го имаме во Лига 1, тој е неверојатен дриблер кој има и нозе и брзина. Ако имаше подобра завршница, тој ќе беше еден од големите играчи во Лига 1 и пред се ќе можеше да ја освои Златната топка, -истакна некогашниот член на Барселона, Монако, Рома, Лион и ПСЖ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни