Поврзете се со нас

Свет

Жули го спореди Нејмар со Роналдињо: Тие имаат се, но…

Објавено

на

blank

Некогашниот француски репрезентативец, Лудовик Жули со спореди Нејмар со легендарниот бразилски ас, волшебникот Роналдињо.

Роналдињо имаше години, сезони во кои едноставно никој не можеше да го запре на теренот, беше најдобар на светот, период кој токму Жули го фати во Барселона каде беа соиграчи. Од друга страна пак Нејмар кога е посветен исто е голем мајстор и од ништо знае да направи нешто, ама воедно има и моменти во кои едноствно е непрепознатлив.

-Ќе го споредам Роналдињо и Нејмар на ниво на кариера. Тие имаат сè, но не даваат сè за да бидат на уште повисоко ниво, -вели Жули кој сепак се надева дека Бразилецот ќе остане во Париз, односно ќе потпише нов договор.

-Се разбира, тоа е важна порака за нас, за неговите соиграчи и за симпатизерите. Тоа ја покажува неговата љубов и посветеност кон клубот, тоа е нешто многу важно, -дополни некогашниот крилен напаѓач на Монако, ПСЖ, Рома и Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни