ЖРК Вардар со убедлива победа ја потврди новата титула

ZRK Vardar-titula

Ракометарките на ЖРК Вардар без проблеми го совладаа тимот на ЖРК Металург, а со убедливата победа изразена со резултат 49:24 и дефинитивно заокружија уште сезона во која имаа голема доминација и ја освоија шампионската титула во женското ракометно првенство.

„Вардарки“ се вратија разочарани од Будимпешта каде уште еднаш загубија во финале на Лигата на шампионите на драматичен начин, а денешниот натпревар беше и последен во националното првенство, во кое европскиот вицешампион ја обезбеди 6. титула.

Триумфот над Металург значеше 28. победа на 28 натпревари одиграни во текот на сезоната и голема разлика во однос на останатите екипи на табелата. Денешниот дуел беше искористен и за доделување на пехарот од страна на РФМ и крунисување на ракометарките заслужни за овој трофеј.

Најефикасни во победата над Металург биле Керамичиева со 12, односно Саздовска и Ристовска со по 11 погодоци.

Facebook Коментари