Поврзете се со нас

Свет

Жозе за „Мурињо ефектот“ во Истанбул: Спијам во тренинг центарот, но никој не освоил трофеи во септември!

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо имаше неколку непријатни денови во Турција поради тешкиот пораз кој го претрпе Фенербахче во дербито со Галатасарај (1:3), но неговиот тим вчера успеа да реагира и славеше во Лига Европа против белгиски Унион Сен Жилоа.

Фенербахче победи со 2:1 и го остави зад себе тешкиот неуспех во вечното дерби, па новинарите го прашале Португалецот за таканаречениот „Мурињо ефект“ кој обично тој го применува во секој тим кој го води.

Искусниот стручњак открил дека е максимално посветен на новиот проект и дека спие во тренинг центарот за да не губи време во приватниот живот, но им напоменал на новинарите да не прават прекумерен притисок, бидјеќи ниту еден тренер не освои значаен трофеј во септември.

– Што значи „Мурињо ефектот“? Мурињо ефектот носи трофеи, но никој не освоил трофеи во септември. Освоив трофеи во сите клубови во кои бев, освен во Тотенхем каде ме избркаа на два дена пред финалето во Купот. Мурињо ефектот е гаранција за трофеи, но морам со жалење да ви кажам дека не се освојуваат трофеи во септември.

– Не знам по колку работите вие новинарите, но јас работам по 12 часа во денот. Спијам во тренинг центарот за да не губам време. Истанбул е убав град, но не дојдов тука на одмор, дојдов да работам. Такви сте вие новинарите, треба да престанете со притисоци. Кога победуваме, не носите на месечината, кога губиме, не праќате во пеколот. Јас сакам да одам на месечината, но засега се уште е многу далеку.  Сум освоил многу во кариерата, а тоа е резултат на напорна работа, така ќе биде и тука, – порачал Жозе.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни