Поврзете се со нас

Италија

Жозе за критичарите: Има Анти-Муринизам, можете да ги најдете…

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо е под притисок во оваа сезона, а причината за тоа се послабите резултати на Рома во Италија каде „волчицата“ е на 10 место со 11 бода.

Двете победи во низа дефинитивно му донесоа свеж воздух и олеснување на Португалецот кој доволно е искусен и знае како да се постави во овие ситуации, па во свој стил имаше што да им порача на критичарите.

-Има и анти-муринизам. Особено во Рим, можете да ги најдете двете страни. Антимуринизмот го следат луѓе кои се среќни кога Рома не победува и кога Рома немаат европски успех. Тие се забавуваат на радио и тоа е во ред. Ова го велам затоа што среќавам луѓе на улица, во било која дел од светот, кои се поистоветуваат со мојот начин на живот. За мене, сепак, најважната игра е секогаш следната, минатото е историја, -порача Мурињо.

„Волчицата“ во првата средба по паузата ќе ја пречека Монца на „Олимпико“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни