Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Жозе се присети на епскиот момент кога се соочи со Гвардиола и откри што му шепнал во тој момент

Објавено

на

Интер пред точно десет години успеа да направи големо изненадување и да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

На годишнината  од таквиот успех, италијанскиот медиум „Газета дело Спорт“ направи големо интервју со тогашниот тренер на Интер, а сега предводник на Тотенхем, Жозе Мурињо.

Мурињо меѓу другото, се сети и на еден момент од реванш средбата во полуфиналето која Интер ја играше против Барселона.

Интер на „Камп Ноу“ допатува со предност од 3:1 од првиот натпревар, но по само половина час остана со играч помалку по исклучувањето на Тијаго Мота.

Португалецот се сети токму на моментот по овој настан и откри што му дошепнал на Пеп Гвардиола во тој момент.

– Кога Бускетс падна како покосен на земја јас с енаоѓав меѓу својата клупа, клупата на Барселона и местото на кое Мота го напушти теренот. Забележав дека на клупата на Барселона се слави, како да победиле.

– Гвардиола го повика Ибрахимовиќ за да позборуваат за тактиката 11 на 10.. Јас тогаш му се доближив и едноставно само му реков: „Немој сега да славиш, уште не е готово“.

– Тој пораз ми е најсладок во кариерата. Моравме да најдеме решение на теренот и на крајот не изгубивме 1:0, туку победивме со 3:2, -изјави Мурињо.

Подоцна во финалето, Интер го совлада тимот на Баерн Минхен и се качи на кровот на Европа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни