Поврзете се со нас

Италија

Жозе обелодени дали почнал преговори со Рома

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо вчера беше дел од фудбалскиот самит кој се одржа во Рим, а тоа за новинарите беше добра шанса да му постават прашања на теми кои немаат никаква врска со фудбалски меч.

Португалецот избегнува да дава одговори за својата иднина во најавите за натпреварите во Серија А и Лига Европа, но затоа сега се огласи по последните шпекулации кои се појавија во јавноста.

Дел од медиумите известија дека Жозе е подготвен да го продолжи договорот со Рома и веќе почнал преговори за такво нешто, меѓутоа искусниот стручњак ги демантираше ваквите извори.

– Редовно зборувам со семејството Фредкин, но не сме зборувале за продолжување на соработката. Последниот пат зборував со Дан Фредкин 10 минути, а тоа беше по мечот со Лацио.

– Не знам дали ќе останам во Рома по крајот на сезоната, има време за тоа. Јас сум првиот кој ја однесе Рома во две европски финалиња во низа, досега со такво нешто се поврзуваа само уникатни фудбалски имиња. Зошто да не пробаме да одиме и во трето финале во низа, – порача Мурињо, алудирајќи на актуелната сезона во Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни