Поврзете се со нас

Англија

Жозе Мурињо добива големо засилување ова лето?

Објавено

на

Медиумите во Англија пренесуваат дека Тотенхем ја води трката по фудбалерот кој речиси извесно ќе ја промени средината ова лето.

Кутињо ќе си оди од Баерн Минхен и ќе се врати во Барселона, а „каталонскиот клуб“ нема да смета на него за следната сезона.

Според англиските медиуми, Бразилецот е прв пик на Тотенхем и токму овој клуб е фаворит за потписот на Фелипе Кутињо.

Агентот на играчот на Барслеона, Киа Јорабчиан неодамна изјави дека Кутињо сака да се врати во Премиер лигата од каде интересот за него е доста голем.

Имено, за Кутињо освен Тотенхем се интересираат и Арсенал, Челси и Лестер и сите тимови го бараат играчот првично на позајмица со можност за целосен откуп на неговиот договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни