Поврзете се со нас

Англија

Жозе му возврати на Погба кој го критикуваше дека е чуден карактер (ВИДЕО)

Објавено

на

Пол Погба го привлече вниманието во текот на вчерашниот ден откако даде коментари со кои го критикуваше Жозе Мурињо.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед направи јасна паралела помеѓу односот на Солскјер и односот на Мурињо со играчите со кои работат и потенцираше дека Мурињо има навистина чуден и несфатлив карактер.

На ваквите провокативни критики краток коментар даде најповиканиот, Жозе Мурињо кој немаше најдобри односи со Погба пред неговото заминување од Манчестер Јунајтед.

– Би ви кажал дека воопшто не ми е гајле што кажал тој. Воопшто не сум заинтересиран за тоа, -изјави кратко Мурињо за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни