Поврзете се со нас

Италија

Жозе лично зборувал со Рамос, ќе го убедува да потпише за Рома

Објавено

на

Серхио Рамос следната сезона ќе има нов клуб откако не го продолжи договорот со Реал Мадрид и по цели 16 години си замина од престолнината на Шпанија.

Искусниот, 35 годишен дефанзивец е предмет на интерес од неколку врвни клубови ширум Европа, а меѓу заинтересираните тимови наводно бил и тимот на Рома кој во следната сезона ќе влезе со Жозе Мурињо како тренер.

Според „Калчомеркато“, Мурињо разговарал со Рамос откако станало јасно дека тој ќе си оди од Реал Мадрид, а во разговорите не паднала директна понуда за фудбалерот да се пресели на „Олимпико“.

Сепак, Мурињо се надевал дека ќе успее во следниот период да го убеди Рамос да му се приклучи во тимот кој планира да се врати во врвот на италијанскиот фудбал.

Сепак, како што стојат работите тоа ќе биде доста тешко со оглед на финансиските барања на Рамос кои се далеку од остварливи за Рома, како и од желбата на фудбалерот да продолжи со настапите во Лигата на шампионите.

Во овој момент најсериозни кандидати за ангажман на Серхио Рамос се тимовите на ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни