Поврзете се со нас

Европски првенства

Жозе брзо го заборави Тотенхем: Мурињо си најде три привремени работи во еден ден!

Објавено

на

Жозе Мурињо заработи отказ од Тотенхем пред десетина дена и одново остана без тренерска функција во период кога се уште не е завршена сезоната, но дека Португалецот е крајно атрактивен плен и кога не е дел од секојдневниот фудбал, најдобар доказ добивме со трите објави кои пристигнаа во краток временски интервал.

Португалскиот стручњак најави дека не планира подолга пауза од фудбалот, но додека чека понуда која ќе ги задоволи неговите амбиции за враќање на клупата, тој си пронајде три привремени работи за Европското првенство кое следи во месец јуни и јули.

Мурињо ќе биде аналитичар, критичар и колумнист за натпреварите на Европското првенство, па навистина ќе биде интересно да се види дали ќе направи и некога посебна анализа на македонската фудбалска репрезентација кога го игра својот прв и историски континентален турнир.

Жозе ќе биде дел од познатото радио „ТокСпорт“ и дел од програта за Европското првенство, но исто така ќе има улога на колумнист за понзатите британски весници „Сан“ и „Тајмс“.

Сепак, највозбудливи би требало да бидат неговите вклучувања пред натпревари и по истит во емисијата на „ТокСпорт“, која инаку е најголема спортска радио станица во светот.

– „ТокСпорт“ е радио станица на фановите и со нетрпение чекам да бидам дел од неа. Европското првенство ќе биде фантастичен турнир и „ТокСпорт“ нуди возбуда и забава за фановите. Во моите дискусии со тимот, го почувствував нивниот жар за Европското првенство и веднаш прифатив да им се приклучам, – изјави Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни