Поврзете се со нас

Англија

Жота ја најави победата со волеј, атрактивната акција за гол ги воодушеви фановите на Ливерпул (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Ливерпул денеска го одигра последниот контролен натпревар во пресрет на новата сезона во Премиер лигата, а успеа рутински да ја совлада Севилја (4:1) пред своите фанови.

„Црвените“ започнаа офанзивно под водство на новиот менаџер Арне Слот, а резултатите од таквата игра дојдоа во завршните петнаесет минути од првиот дел.

Жота со атрактивен волеј го отвори резултатот и ги израдува фановите на Ливерпул, а до крајот на полувремето Диаз погоди два пати за убедливи 3:0.

Фановите посебно беа еуфорични по акцијата за третиот гол, кога Ливерпул во неколку потези успеа да финишира и да ја затресе противничката мрежа.

Во вториот дел Ниони го постигна својот прв гол за Ливерпул, додека Пеке реализирал за Севилја за конечни 4:1.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни