Поврзете се со нас

Англија

Жота го прокоментира хет-трикот и најави што ќе биде најважно на дербито со Сити

Објавено

на

Диего Жота се покажува како одлично засилување за Ливерпул, а вечерва постигна и хет-трик на дуелот со Аталанта, кој премиерлигашот го доби со 0:5.

По натпреварот, Португалецот заслужи и да биде интервјуиран прв од англиските медиуми, па можеше да го искоментира првиот хет-трик во дресот на Ливерпул и воопшто во Лигата на шампионите.

– Играм во најдобриот клуб во мојата кариера досега, не знам дали ова е мојот најдобар момент, но дефинитивно играм како што посакувам.

– Во однос на трите гола, омилен ми е првиот бидејќи тој е најважен, рано постигнавме гол и тоа имаше позитивен ефект врз екипата – изјавил Жота.

Ливерпул претстојниот викенд игра со Манчестер Сити, па Жота истакнал и што ќе биде најважно на оваа средба.

– Тешко е да очекуваме повторно да постигнеме пет голови, тоа не се случува често. Мислам дека ако не примиме гол, ќе победиме, најважно е да не примиме погодок, – дополнил Жота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни